Безживотното тело на Алдин Хасукиќ од Градачац, по кој се трагаше од почетокот на април денеска е пронајдено во шахта во споменатиот град во БиХ.

– Триесет и петгодишниот Алдин Хасукиќ на 1-ви април годинава се оддалечил од дома, по што по него била започната опсежна потрага. За жал, неговото безживотно тело е пронајдено денеска во шахта во областа Градачац, потврдија за Klix.ba.

Трагичната информација за Klix.ba ја потврдила сестрата на Алдин, Алдина, која вели дека според процедурата сега ќе следи обдукцијата на пронајденото тело, за да се утврдат причините за смртта.

Во потрагата по Алдин изминатите денови покрај полицијата учествуваа и членови на Планинарската спасувачка служба, како и граѓани волонтери.

На местото каде што е пронајдено телото има полициски службеници и обвинител.

📸