Во конфликт со Маја Маринковиќ, навредувајќи го нејзиниот татко, Урош Чертиќ ја провоцирал „задругарката“ по што таа го полила со вода и го удрила со стаклена чаша неколку пати во главата.

Во текот на ноќта потоа побарал да ја напушти Задруга, а во неколку наврати се обидел да избега.

Како што се шпекулира, тој најверојатно бил во Ургентниот центар каде што лекарите требало да му ја прегледаат главата, а побарал да му ја скратат косата за да покаже пред камерите и лекарите дека има видливи повреди.

Веднаш по влегувањето во хотелот, каскадерот јавно и покажа на камерата голема џумка, а јасно е дека повредата што ја заработи и не е толку безопасна.

Да потсетиме, конфликтот кој настана меѓу Маја Маринковиќ и Урош Чертиќ кога тој го навредуваше нејзиниот татко, а таа го удри со чаша продолжи во полициската станица. Каскадерот презеде драстични мерки и ја пријави Маја Маринковиќ.