Интернетот никогаш не мирува, а многу често безбедноста и приватноста на корисниците се најзагрозени. Еден од начините да се провери безбедноста е опцијата „Јас не сум робот“ (I’m not a robot). Затоа, многумина се изненадени од тоа што всушност се крие зад оваа опција.

Сигурно досега ви се случило при влез на одредени веб-страници да ви се отвори безбедносна проверка во која треба да потврдите дека „не сте робот“. Проверката често содржи фотографии на кои треба да штиклирате одредени одговори.

Иако повеќето луѓе се обидуваат да ја извршат задачата што побрзо, малкумина размислуваат што точно се крие зад оваа опција.

Сето тоа е објаснето во епизода на емисијата QI од 2020 година, каде водителката Сенди Токсвиг откри за што станува збор. Видео од шоуто сега се појави на TikTok, а многу корисници се одушевени од тоа што го дознаа.

„Не е поентата да се обележат полињата и дадат точни одговори. Вистинскиот одговор е во тоа како сте се однесувале пред да ги означите. Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите детали, но накратко, означете го полето и таа веб-страница ќе ја провери вашата историја на пребарување“, истакна таа.

„На пример, пред да го означите полето, сте гледале видеа со мачки, ви се допаднал твит за Грета Тунберг, сте го провериле вашиот Gmail – сето ова ги наведува да мислат дека зад екранот има човек“, објаснува таа.

Во суштина, ја насочувате страницата да ги погледне вашите податоци и да одлучи за што се работи. Ако компјутерот не е сигурен, тогаш ве упатува да кликнете на фотографиите.

Опцијата „Јас не сум робот“ всушност е прикриено одобрување за согласнот одредена интернет страница да ја дознае вашата историја на пребарување.

Видеото повторно стана актуелно откако беше тема на разговор на австралиски радиоводители, а многумина беа шокирани од она што имаа прилика да го слушнат. Многумина не можат да поверуваат во вистинитоста на овие тврдења, додека други сметаат дека вакво нешто „делува незаконски“.

Видеото за кратко време собра над 3 милиони прегледи.