Пејачот Халид Бешлиќ имал сообраќајна несреќа на патот Шабац – Лозница, кај Лешница. Според извор од местото на настанот за Телеграф, пејачот доживеал сообраќајна незгода, која била пријавена во полициската управа во Шабац.

Сообраќајната патрола излегла на местото на настанот, односно местото на несреќата и извршила увид, потврдија од полицијата.

Халид, како и другиот учесник не се повредени, а материјалната штета на двата автомобили била нешто поголема.

– Пред два часа се случи несреќа. Тоа е мала несреќа, не отидов на лекар. Тоа е верижен судир. Нè удри жена, а ние удривме во автомобил пред нас – изјави Бешлиќ.

Тој нагласи дека се е во ред и нема потреба од грижи.

– Предните светла беа малку скршени, но, фала богу, нема повредени – истакна Бешлиќ.