Пејачот Марко Булат (49), како што дознава „Блиц“, денеска околу 16 часот завршил во Ургентниот центар во главниот град на Србија, а за повредите ја обвинил сопругата Марија.
Марко Булат бил донесен со приватно возило, а неговите повреди биле видливи. Тој е повреден при расправија со сопругата во семејната куќа во Нов Белград.
– Според нашите сознанија, фолкерот моментално е на операција, објави Блиц.рс.
Марко Булат е во јавноста уште од деведесетите, кога ја започна својата музичка кариера. Тој беше познат како „Кралот на сплавовите“.
Седум години е во брак со Марија, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Задруга“.
Be the first to write a comment.