Азур Терзиќ, младиот кошаркар на КК Игман Бурч од Илиџа, под неразјаснети околности бил тешко повреден кога бил пронајден во несвест со скршена кичма во близина на дискотека во Цазин.
Како што објавија на Фејсбук неговиот клуб КК Игман и КК Бихаќ, каде што исто така играше, повикувајќи се на реакцијата на неговото семејство, Терзиќ бил на ноќно излегување со пријателите.
Според неговото семејство, Азур бил пронајден во онесвестена состојба од магационер зад споменатиот објект, а откако побарале снимка од видео надзор, добиле одговор дека ниту една од камерите не работи.
Терзиќ со тешки повреди е итно префрлен во Сараево, а неговите блиски се надеваат на успешно закрепнување.
Додаваат дека никој од гостите во дискотеката ништо не забележал, но дека без разлика на се ќе истраат во обидот да ја дознаат вистината бидејќи како што тврдат се работи за обид за убиство.
Be the first to write a comment.