Маж (42) денеска се обесил на гробиштата во Панчево, а својата намера претходно ја објави на социјалните мрежи, објавуваат попладнево српските медиуми.

Од Вишото јавно обвинителство Панчево потврдија дека тој денеска пред пладне бил пронајден обесен на Новите гробишта во Панчево, но дека не е наредена обдукција бидејќи е извесно дека се работи за самоубиство.

– Се работи за претходно осудено лице кое неодамна излезе од затвор. Пријавен е во полиција за обид за силување на 20-годишна девојка – соопштија од Вишото јавно обвинителство Панчево, пренесува Република.рс.

Во 2008 година, човекот наводно бил осуден за „тешко убиство“ на малолетна личност.