Масерката Даниела Бојиќ, која беше присутна кога почина Видоје Ристовиќ (44), за првпат откри досега непознати детали за нејзината врска со историчарот. Таа веќе три месеци, откако Видоје почина во нејзиниот стан, не можела да се опорави и престанала да работи додека не дојде при себе.

Даниела во полициска изјава наводно потврдила дека починал откако имале интимни односи. Како што пренесува српски „Курир“, на сослушувањето во полиција открила дека тој ден ѝ било роденден и дека го прославиле во нејзиниот изнајмен стан, каде Ристовиќ, за жал, починал. Во полициската изјава таа наводно признала дека била во врска со него.

Вели сè се случило оддеднаш. Според неа, тој вечерта бил добро расположен, се чувствувал добро, а по односот заспале, а тој веќе не се разбудил.

По смртта на синот, таткото на покојниот Видоје, Миша Гроф праша зошто Даниела веднаш не повикала брза помош кога му се слошило.

Кога бев во нејзиниот стан, таа не ми кажа ништо бидејќи не разговарав со неа. Само едно прашање ѝ поставив – зошто веднаш не викна Брза помош? Поминало повеќе од половина час откако Видоје починал, а Брзата помош пристигнува дури подоцна. Од погребот не сме се чуле, ме интересира што се случи во тој стан, како татко што изгубил дете. Од Даниела нема ни знак ни глас. Чекам да стигнат наодите, па ќе ја замолам да ми објасни како и што, рекол тој за медиумите.