Сезоната на одмори е во полн ек, а во повеќето случаи луѓето ги споделуваат своите искуства со пријателите и членовите на блиското семејство.

Така медицинската сестра Келси (23) од Велика Британија на своите родители им испратила фотографија од одморот во Турција, каде што ужива со своето момче Елиот.

Имено, девојката баш и не обрнала внимание на сите детали на фотографијата, но затоа нејзините родители веднаш сфатиле што „не е во ред“ на фотографијата.

Откако им испратила фотографија од хотелската соба на родителите, нејзината мајка ѝ напишала:

„Убаво пакување Дурекс…“ Парот во собата имал лубрикант со вкус на јагода, а за да се извлече од непријатната ситуација, Келси ѝ пратила порака на мајка ѝ велејќи дека станува збор за крема за колена што го користи нејзиното момче.

За жал, таквиот трик не ѝ успеа бидејќи нејзините родители добро знаеле дека не се работи за никаква крема за колена, па нејзината мајка одговорила: „Татко ти ја зумираше фотографијата“, со неколку насмеани емотикони.

Келси открила дека нејзиното момче е многу засрамено, додека таа се смеела на сето тоа – како и нејзината мајка која ѝ одговорила на WhatsApp со „смешковци“.

Дополнително, таа признала дека нејзиното момче е огорчено и ја обвинил за целата ситуација бидејќи не проверила што праќа.