Пекара на островот Хвар привлече внимание со цените на својата џамбо пица. Како што објавија локалните медиуми, цената на најскапата пица е 480 куни или дури 4.000 денари!

Сопственик на таа пекара е Том Лекај, а за цените на пицата зборуваше неговиот брат Марјан Лекај. За Слободна Далмација рече дека тоа се стари цени и дека тоа не е ништо ново.

– Нашиот ценовник го има, убаво кажува се. Има и поскапи. Видете, џамбо маргарита пица – 320 куни (2.600 денари), џамбо пеперони пица – 400 куни (3.300 денари), а ја имате и оваа џамбо „хвармикс“, која што чини 480 куни (3.925 денари). Одлична пица – рече Марјан.

На прашањето како една пица во пекара може да чини речиси 500 куни, Марјан вели:

– Убаво, можно е, тоа е бизнис планот што го имаме. Овој бизнис модел е наш. Има уште една пекара на метар од мене и пицата чини по 30 куни (250 денари). На стотина метри има уште еден локал со пониска цена – 15 куни (122 денари). Знаете, секој човек може да избере, некои избираат нешто различно секој пат.

Тој вели дека близу 500 куни за џамбо пица во пекара не се грабеж и дека секој може да избере дали ќе ја јаде.

– Тоа не е грабеж. Имате избор да јадете. И различни цени. Ние од самиот почеток ги имавме најскапите пици. Ако е 30 куни за пица, кај мене е двојни и никогаш немаше проблем. Добро, ајде, можеби два проценти некогаш. Викаат ќе повикале полиција. Па каква врска има полицијата со пиците?! Можат да се јават кога сакаат. Можете да одите и во ресторан ако сакате, вели Марјан.

Тој вели дека никој не се жали на цените

Нивната пица, вели тој, најмногу ја купуваат странци, а неодамна еден човек купил 20 џамбо пици. Сметката беше 7.300 куни (60.000 денари).

– И никој не се жали. Можеби некои од Хрватска што не знаеле. А сите знаат, јас секогаш го имав најскапите пици. Патем, се е скапо на Хвар. Знаете дека за нашите луѓе секогаш има попуст – вели тој.

Ноќните цени, по 18 часот, се нешто повисоки, па најскапата пица чини повеќе од 4.000 денари.

Најскапата џамбо пица, хвармикс, вели Марјан, двајца не можат да ја јадат затоа што е голема.

– Ама има тука да се јаде доста, знаете, не е дека нема. Двајца не можат да ја изедат.Треба повеќеммина за да изедат една џамбо – рече тој.