55-годишната жена од грчкиот град Комотини, која минатиот четврток сопругот ја поли со бензин и ја запали, не успеа да се спаси и ја загуби битката за живот.

55-годишната жена била хоспитализиран на Одделот за изгореници, но како што објавија грчките медиуми, таа за жал починала. Нејзиниот 63-годишен сопруг е уапсен и обвинет за обид за убиство, но од денеска обвинението се менува и ќе му се суди за убиство.

Според информации на грчките медиуми, жената е инвалид, а истрагата за случајот ја презема Секоторот за внатрешни работи во округот Родопи.