Телото на српскиот гитарист Иван Драгичевиќ (39) е пронајдено во фаза на распаѓање во шума во италијанскиот регион Монтекио Маџоре.

Како што дознаваат српските медиуми, несреќниот музичар исчезнал пред една недела, а неговото тело во поодмината фаза на распаѓање било пронајдено на 9 септември во шумата.

– Телото е пронајдено во петокот, околу 18:30 часот во шумската област Кампестрини. Исчезнал една недела пред тоа, а последен пат бил виден како излегува од својот дом во Алте Цекат. Него го пронашол планинар, кој при прошетката го забележал телото во густата вегетација. Според првичните информации, гитаристот веќе извесно време бил мртов. Околноста што го отежнало препознавањето на телото е тоа што било во поодмината фаза на распаѓање – пишуваат италијанските медиуми.

Тој бил идентификуван благодарение на гардеробата, а кога станува збор за причината за смртта, засега не е исклучена можноста да бил болен, пишува Телеграф.рс.

Потрагата по гитаристот започна во петокот на 2 септември, кога излегол од дома и повеќе не се вратил.