Двајца вработени во шпедиција денеска се судрија во сплитското северно пристаниште.

Од сплитско-далматинската управа соопштија дека околу 14 часот добиле пријавување дека е повреден маж, најверојатно од остар предмет и дека е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Далматинскиот портал пишува дека еден маж (42) со хемиско пенкало прободел друг во вратот. Откако слушнал дека доаѓа полиција, се качил на врвот на зградата и се фрлил.

– Денеска околу 14 часот добивме пријава дека маж е повреден, најверојатно од остар предмет, во зграда лоцирана во Деловната зона во приградската населба Копилица во сплитско. Тој е пренесен во сплитската болница за укажување лекарска помош. Според првите информации тој е задржан на лекување, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

– На местото на инцидентот е пронајден втор маж, за кој итната медицинска помош констатирала дека починал на местото на настанот, изјави портпаролката на Сплитско-Далматинската полиција Антонела Лолиќ.