Силно невреме со врнежи од дожд и град го зафати вчера Загреб и неговата околина. Во некои делови од хрватската престолнина посебно интензивни биле врнежите од град со големина на лешник.

Хрватскиот хидрометереолошки завод објави и жолт метеоаларм со предупредување за силни грмежи.

„Бидете претпазливи поради невремето со силни грмежи. Посебно внимавајте на изложените подрачја како планини, шуми и ливади и на сите отворени терени. Можни се прекини во активностите на отворено“ – објави ДХМЗ.

📸

📸

📸