И кога ќе помислиме дека се сме виделе, припадниците на музичката сцена секогаш успеваат да не изненадат. Така беше и со српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба кој го преработи бугарскиот хит „Комбајн вршачка“ или попознат како „Васко Жабата“.

Имено, Кеба на својот канал на Јутјуб ја објавил песната „Евала“, која е всушност преработка на нумерата која предходните месеци беше хит на социјалните мрежи.

Кеба направил и чекор понатаму, па за оваа нумера имал и посебен сценски настап. Тој имал и потези со рацете, малку десно, малку лево…

Слушнете: