Белоруските власти објавија фотографии и видео од Александар Лукашенко, со цел да се стави крај на еднонеделните шпекулации за неговото здравје.

На видеото се гледа дека неговата лева рака е во завој. Медиумите веќе укажаа на неговиот зарипнат, исцрпен глас кој наводно покажува дека е во лоша здравствена состојба.

„Колку што разбрав, ситуацијата не е критична, но сепак е загрижувачка“, рече тој, тешко зборувајќи на средбата со генералите. Во претходниот период имаше гласини дека е примен во болница по враќањето во Минск, но информацијата не може да се потврди.

„Александар Лукашенко е болен. Нема Ковид, само е уморен. Треба да се одмори. Само што се разболе“, изјави за рускиот портал претставникот на Думата и заменик-шеф на Парламентарната комисија за постсоветски држави Константин Затулин.

Затулин дури рече дека знае „од што боледува Лукашенко“, но не навлегува во дијагнозата, а портпаролот на Путин, Дмитриј Песков додаде дека „грдо е да се шпекулира и да се зборува за нечие здравје“.