Иван Нешковиќ и Снежана Богдановиќ избегаа од реалното шоу Задруга, по што во Белата куќа во Шимановци пристигна писмо за итна дисквалификација.

Според договорот што натпреварувачите го потпишале пред да влезат во реалното шоу, продукцијата на „Задруга“ по судски пат од нив ќе бара по 50.000 евра.

– Причината поради која Снежана и Иван го напуштија натпреварот за 70.000 евра биле намирници – поради казната на Големиот шеф, само лидерот Марко Марковиќ имал можност да оди до продавница, но не успеал да купи се што побарале учесниците од него, по што овие двајца се упатиле кон капијата.

Останатите натпреварувачи ги убедувале Иван и Снежана да не го прават тоа, велејќи им да не ризикуваат казна, но тие цело попладне барале начин да излезат од куќата во Шимановци. На крајот им успеа, по што стигна писмо за нивна дисквалификација.

Погледнете го и моментот кога нашле место преку кое ќе го напуштат имотот: