Теа Таировиќ поради работата е неколку пати неделно на аеродром, па не е ни чудно што во последно време многумина коментираат дека тоа е нејзиниот втор дом. Папарацо ја сликаше пејачката пред неколку дена кога се појави за да се качи на време на нејзиниот лет.

На аеродромот дошла во опуштен стил, во маичка на прерамки и панталони кои ги искомбинирала со бели патики. Теа со оглед на тоа што беше рано наутро носеше во рака кафе за носење за барем малку да се разбуди и да се подготви за патувањето и обврските што ја чекаат пред самиот настап.

Таировиќ таму налетала на свој пријател, па со насмевка „летнала“ во неговите прегратки и долго разговарала со него, искористувајќи го времето пред да се качи во авионот.

Да потсетиме, Теа е еден од рекордерите по број на настапи годинава. Како што и самата најави на својот Инстаграм, до крајот на 2022 година ќе има дури 45 настапи, што значи дека во 2023 година ќе влезе за 225.000 евра потешка, ако се земе предвид дека за еден настап зема 5.000 евра.

Оваа пејачка во текот на летото пред својата публика пееше дури 52 пати, а само од летната турнеја „Балканија“ собра неверојатни 260.000 евра, сума со која што не можат да се пофалат многу нејзини колеги кои подолго од неа се на естрадата.

📸

📸