Уште од 1980-тите, слушаме приказни дека „голф“ произведен во Германија и оној во TAS (Tvornica Automobila Sarajevo) не се исти. Еве ја ситуацијата денес, но со една друга марка на автомобили.
И додека тогаш на прво и основно се мислеше квалитетот на производството, денес безбедноста е во прв план. „Краш“ тестовите обично покажуваат како автомобилите се разликуваат помеѓу поединечните пазари, а причината за тоа се различните стандарди.
Еден таков пример даде Global NCAP, кој го тестираше Hyundai Accent, модел за американскиот и мексиканскиот пазар.
„Краш“ тестот покажа дека Accent за американскиот пазар е многу побезбеден. Се покажа дека каросеријата е поцврста, а помогнаа и шест воздушни перничиња. Моделот за мексиканскиот пазар имаше само две воздушни перничиња, а во несреќата беше толку многу згмечен што носачот А попушти и воланот се помести. Заклучокот е јасен, во превод за Мексиканците е полесно да загинат.
Be the first to write a comment.