Една од најследените и најкоментираните Македонки на „Инстаграм“, фитнес-инструкторката Ана Стојанова, се омажи за долгогодишниот партнер Кирил Јовчевски.

Девојката со заводливи облини која домашните портали едно време ја нарекуваа македонската Ким Кардашијан, направи свадба која уште долго ќе се раскажува.

Стојанова која во една прилика откри дека е зависна од танцување, својата страст конечно ја покажа и на дело во невообичаена секси-венчаница надополнета со класичен вел и патики.

Од фотографиите и од видеата споделени на социјалните мрежи, очигледно е дека Ана и нејзиниот избраник одлично се забавувале.

Следниот ден, Стојанова дури и се пошегува на своја сметка, објавувајќи фотографија на која во невестински фустан прима инфузија.

„Се’ е ок. Не е лесно да си невеста“, напиша таа.

Ана на „Инстаграм“ има безмалку 100 илјади следбеници, многу повеќе од повеќето наши пејачки, актерки и спортистки.

Нејзиниот приватен живот стана особено интересен за јавноста откако лани во ноември партнерот ѝ приреди филмско запросување.