Apple денеска ја претстави новата линија на iPhone телефони и други производи на настан што го очекуваат Волстрит и голем број купувачи.

Apple вообичаено на овој септемвриски настан лансира нов модел на iPhone, а судејќи според досегашните најави, мини верзијата на моделот ќе биде укината годинава.

Новиот уред се очекува да има ажурирана камера, поголем простор за складирање и подобар дизајн, како и поефикасно поврзување со сателитската мрежа.

Цените што ги нудат за нивниот водечки производ ќе бидат внимателно следени со оглед на високата инфлација што ја поттикнува побарувачката за сите, па дури и за најпрестижните телефони. Се верува дека би можеле да ја зголемат цената и на нивниот pro модел.

Што се однесува до iPhone 14, тој ќе се продава по 799 долари како почетна цена, а 14 Plus по 899. Преднарачките започнуваат на 9 септември, додека 14 Plus ќе биде достапен од 16 септември.

iPhone 14 Pro ќе биде достапен во САД од 16 септември за 999 долари, а iPhone 14 Pro Max, предводникот на серијата, за 1.099 долари.

Кога станува збор за поврзување на сателитската мрежа, новиот iPhone 14 веројатно ќе им овозможи на корисниците да испраќаат итни текстуални пораки дури и во ситуации кога нема мрежа.