Тиктокерката Тања Пардази од Канада загина во страшна несреќа со падобран, објавија локалните медиуми. Таа имаше само 21 година.

Имено, тоа бил првиот самостоен скок на Тања од авион, но нејзиниот падобран не се отворил на време, поради што несреќната девојка загинала.

Тања Пардази беше многу популарна на социјалната мрежа ТикТок, а се натпреваруваше и за Мис на Канада.

Тања скокнала од авионот, но предоцна го отворила главниот брзоротирачки падобран. Според извештајот од истрагата, таа веќе била толку ниско што ниту помошниот падобран не можел автоматски да се отвори.

Несреќната девојка итно била пренесена во болница со тешки повреди, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Канадските медиуми јавуваат дека во последниот клип пред нејзината смрт таа разговарала со своите 100.000 следбеници за скокањето со падобран и за љубовта кон играта Тетрис.

Скокот го уплатила преку школа за воздушни спортови за која е потребен само еден ден обука за такви потфати.