Канадската водителка на Global News, Фара Насер, едвај се тргнала кога мува влетала директно во нејзината уста, некако успевајќи да продолжи да ги чита вестите без прекин.

Насер ја проголтала мувата, а за неколку секунди брзо го прочистила грлото, „останала смирена“ и продолжила со вестите.

Самата водителка го сподели видеото кое стана вирално на Твитер, споменувајќи дека канадскиот премиер Даг Форд неодамна проголтал пчела на прес-конференција.

„Споделувам затоа што на сите нѝ треба да се насмееме овие денови. Излезе дека не е само Форд, денеска голтнав мува во етер“, напиша таа.

Насер, исто така, за Си-Ен-Ен изјавила: „Можев да почувствувам како ми „мрда“ во грлото додека го завршив тој вовед“.

Гледачите биле полни со пофалби за водителката на вестите, а во еден од коментарите пишува дека таа „се справила со ситуацијата како шампион“ и ѝ честитале на професионалноста.