Селма Хајек блесна на свадбата на Марк Ентони и Надија Фереира, каде што ја засени и самата невеста.

Пејачот Марк Ентони, познат и како поранешен сопруг на латино дивата Џенифер Лопез, заплови во нов брак со 31 година помладата убавица, модел и поранешна мисица Надија Фереира.

Двојката ги разменила брачните завети во Музејот на уметност Перез во Мајами, а на венчавката присуствувале бројни ѕвезди како Дејвид Бекам, Малума и Селма Хајек, која со својата креација ја засени самата невеста.

Имено, за свечената пригода, познатата актерка избра луксузен фустан со длабоко деколте од кој за малку ќе и испаднеа бујните гради, а со тоа се пофали и самата на својот Инстаграм профил.

„Момент пред да се качам во автомобилот да одам да ја прославам љубовта на моите пријатели Марк Ентони и Надија Фереира. Да живее љубовта!! И да живее салсата“, напиша Салма покрај нејзината фотографија.

„Боже, помилуј“, „Таа е совршен пример за природна убавина“, „Многу си жешка“, „Секогаш убава и секси“, „Каква убавина“, „Ти си сѐ“, „Леле најубав фустан“, „Најдоброто на сите времиња“, „Импресивно“, „Кралица на убавината“, „Каква жена“, се само дел од комплиментите кои се наредени во коментарите.

Салма со децении е позната како една од најубавите жени на светот, но многумина изненади со својот изглед на една од најновите фотографии кои ги објави на Инстаграм. Таа позираше во тоалета, целосно нашминкана и со врзана коса во високо опавче, а на фотографијата е речиси непрепознатлива и изгледа години помладо, па реакциите на нејзините обожаватели беа поделени.

📸

📸

📸