Поранешниот светски шампион во скијање во слободен стил, Американецот Кајл Смејн, загина за време на авантура во Јапонија.

Тој заедно со уште еден маж го загуби животот на Јапонските Алпи, во префектурата Нагано. Двајцата се движеле по необележани патеки, а загинале при лавина, поради што службите успеале да ги пронајдат нивните тела дури во понеделник, ден по несреќата.

Двајцата загинати спортисти биле дел од група од 13 лица кои ги игнорирале информациите добиени во ски центарот. Иако јапонските власти апелираа на претпазливост поради најавените лавини на северната страна на јапонските Алпи, Смејн и неговата група решиле ги игнорирало предупредувањата.