Серена Вилијамс, познатата тенисерка и некогаш најдобрата играчка на светот, доживеа голема трагедија кога почина блискиот пријател на нејзиниот сопруг Алексис Оханијан, Адам Соломон.

– Го погребав еден од браќата Адам Соломон. Беше еден од најопуштените луѓе што ги познавав и еден од моите најблиски пријатели од прво одделение до денес. Ме „навлече“ на кревање тегови пред десет години. Беше во теретана правејќи го она што најмногу го сакаше кога почина – напиша сопругот на Серена.

Не е познато што ја предизвикало смртта на Соломон. Во моментот на смртта имал 39 години.