Македонските гледачи втора недела по ред не се во можност да го следат регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на Канал 5 телевизија.

Откако минатиот викенд ненајавено на гледачите им беше скратена можноста да го следат ова популарно музичко шоу, истото се случува и вечерва. Во ТВ распоредот на официјалниот сајт на телевизијата, нема најава за новата емисија.

Наместо премиерната нова емисија од Гранд, во прајмтајм се емитува реприза од турската серија “Забрането јаболко”, а по вечерните вести од 20:45 часот, за од 21 часот е најавена играна серија.

Телевизијата засега се нема огласено за прекинот на емитувањето, откако ја емитуваа само првата еисија од најпопуларното музичко регионално шоу. Дали воопшто ќе продолжат емисиите на United Media на оваа телевизија, останува да видиме наредниот период.

За разлика од Македонија, новата емисија тековно се прикажува вечерва на Пинк (Србија), Нова БХ (Босна и Херцеговина) и ТВ Вијести (Црна Гора).