Актерот и пејач Диего Берти почина во рано утрово на 54-годишна возраст, како што потврдија од болницата Касемиро Улоа во Лима, пренесуваат светските медиуми.
Според соопштението, Берти бил донесен во болницата во 4:10 овој петок по перуанско време и му била укажана лекарска помош. Само неколку минути подоцна лекарите ја констатирале смртта.
Непосредно пред тоа, територијалниот командант на пожарникарите на Лима и Калао, Марио Казарето, изјави за ТВ „Америка“ дека го пронашле Берти на паркингот пред зградата. Тие веруваат дека паднал од 14-тиот кат на зградата каде што живеел во областа Мирафлорес во Лима.
Откако ја слушнаа веста, од Министерството за култура на Перу изразија жалење за смртта на актерот.
„Длабоко жалиме за смртта на актерот и пејач Диего Берти, признат за неговата работа во филмот, телевизијата и театарот. Од Министерството за култура изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, објави Министерството на својот Твитер профил..
Be the first to write a comment.