Вооружените сили на Тајван се во состојба на готовност, по големите воени вежби што вчера ги започнаа кинеските вооружени сили во шест зони околу островот.

Посетата на Ненси Пелоси на Тајпеј предизвика жестока реакција на Пекинг и нови закани од Кина, кои вчера и завчера беа придружени со голем број прелети на кинески борбени авиони во тајванската воздушна одбранбена зона.

Големите воени вежби на Кина вклучуваат лансирање на балистички ракети, меѓутоа, вооружените сили на Тајван велат дека се подготвени да се соочат со секоја можна воена операција од Кина.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат тенкови на армијата на Тајван М60А3 ТТС на улиците на главниот град Тајпеј.