Во австрискиот град Виена полицијата пронашла две безживотни тела, на 32-годишна жена и нејзината 15-годишна ќерка. Телата се пронајдени во спалната соба, свртени на стомак, соопшти виенската полиција.
Злосторството е откриено благодарение на двајца браќа на седум и девет години. Момчињата всушност отишле кај офталмолог, докторот видел дека се сами, без надзор на мајка им и веднаш повикал полиција.
Момчињата потоа ги одвеле полицајците до станот. Станот бил отклучен, а спалната соба каде се наоѓале мртвите мајка и ќерка била заклучена.
Кога успеале да ја отворат, наишле на страшна глетка. Телата на мајката и ќерката биле до креветот, со лицата на креветот. Полицијата се сомнева на двојно убиство.
Весникот „Кронен цајтунг“ објави дека полицијата трага по 49-годишен Тунижанец, кој бил пријател и наводно живеел со убиената 32-годишна жена, унгарска државјанка.
Полицијата не го пронашла 49-годишниот осомничен на адресата каде што бил регистриран. Засега му се губи секаква трага.
Be the first to write a comment.