Трагична сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на грчкиот остров Кос, во која животот го загубија 25 годишна жена и нејзиниот 42 годишен маж, јавуваат грчките медиуми.

Локалното населени падна во жалост по шокантната сообраќајна несреќа што се случи вчера нешто по 16 часот на првиот километар од Провинцискиот пат (кај НЕОГАЛ).

Автомобил излетал од коловозот, преминал преку потпорен ѕид и се „забил“ во двор од куќа. Автомобилот, како што може да се види на фотографиите, буквално е целосно уништен.

Според првите информации, младата жена (25 години) која седела на задното седиште е мртва. Нејзиниот партнер (42), патник кој седел на совозачкото место напред бил пренесен во болницата во Кос со многу тешки повреди и починал малку подоцна.

Жртвите биле пар на возраст од 25, односно 42 години. Возачот на возилото е хоспитализиран со повреди. Од првиот момент на местото на настанот излегле противпожарната служба, цивилната заштита на општина Кос и секако сообраќајната полиција на Кос која извршила увид за точните причини за несреќата.

Според првите изјави на командирот на противпожарната служба на Кос, Григорис Мавридис, извлечени се три лица, од кои едно почината жена на возраст од 25 години, додека другите две лица со тешки телесни повреди се пренесени со брза помош во болницата на Кос. По некое време, сопругот на починатата жена им пдолегнал на повредите.

Според пријавата, станува збор за тројца повратници со руско потекло, кои со години работат на Кос. Возачот на автомобилот е свесен и има повеќе скршеници и е во животна опасност.

Од првиот момент во болницата имало сонародници кои и помагале на сообраќајната полиција во истрагата да најде повеќе докази.