Во несреќа што се случи утринава во малото гратче Жабљак на северот од Врна Гора, возач на машина за чистење снег ја усмрти З.М. (33) од тој град, јавува РТЦГ.

Како што соопштија за порталот РТЦГ од полицијата, несреќата се случила околу 10:30 часот на улицата „Његошева“ во Жабљак кога возачот чистејќи снег со возилото удрил во жена пред продавницата.

Од полицијата велат дека се работи за несреќен настан, но за околностите на оваа несреќа ќе се изјасни обвинителството.