Најпопуларната црногорска инфлуенсерка Тина Дакиќ повторно измами воздишки кај своите следбеници на социјалните мрежи. Најпрвин најследената девојка од социјалните мрежи во Црна Гора сподели со своите следбеници нова фотографија на која изгледа повеќе од предизвикувачки и секси.

Како и не би, кога штом поранила со станувањето, не стигнала ни да се облече, па онака само по гаќиќчки и поткрената маичка, веднаш си сварила кафе и по првата голтка прашала:

„Какво кафе сакате?“ – будејќи ги своите фанови додека провокативно позира за социјалните мрежи, од кои многумина прво што посакаа е… „да ја превртат“.

Шолјата секако, откако ќе го испие кафето, за да и гледаат… Па да видат каков фраер Тина сака, какви мажи и се допаѓаат, за да знаат дали воопшто да почнат да и се додворуваат и дали можат да ја „смуваат“?!

Арно ама, за да не се мачат со претпоставки, инфлуенсерката реши да им ги скрати машките маки, па самата го отвори својот профил за одговори на прашањето: „Како машките можат да ја „смуваат“? Неа или било која друга што им се допаѓа?!

Погледнете го видеото на Тина и нејзините реакции на машките предлози за различни додворувачки акции, што потенцијалниот љубовник би ги преземал за да ја освои инфлуесерката, на која многумина и се намерачиле… „да и ја земат мерката“!