Истражувачите од Универзитетот во Флорида и Универзитетот Нортвестерн дошле до заклучок дека жените сакаат да бидат ценети поради сексот, но само ако тоа ценење доаѓа од нивниот верен партнер.

Ова, грубо кажано, значи дека кога странец или некој на кој не се целосно посветени, гледа на жената како сексуален објект или ја оценува нејзината сексуалност, тоа доведува до зголемен стрес за изгледот и анксиозност кај понежниот пол. Но, кога партнерот со кој е долго време во врска и кому му верува (на пример, сопруг или долгогодишен дечко) ќе го изрази своето задоволство, жената се чувствува задоволна и среќна.

Сето ова води до заклучок: Жените не сакаат покани за секс и сексуални односи без обврска. Она што тие го сакаат е секс со партнери на кои им веруваат и тоа ги прави среќни.

Сепак, не е дека жените не можат да уживаат во сексот без обврски. Во однос на еволуцијата, жените отсекогаш барале партнери со кои можат да создадат заедница и долгорочна врска, бидејќи тоа води кон создавање семејство и воспитување деца. Затоа и не е чудно што бараат потврда за својата сексуалност од партнерите на кои им веруваат, бидејќи токму со нив можат да ја постигнат својата цел и да се репродуцираат.

Во најновата студија користени се некои податоци од претходни истражувања. Во првата, учествувале 113 неодамна венчани парови, а мажите ја оцениле сексуалноста, телото и некои нефизички особини на нивните сопруги, како и нивниот целокупен брачен живот. Сопругите одговарале на прашања за тоа како го доживуваат партнерот и нивниот брачен живот. Експертите дошле до заклучок дека жените се помалку задоволни од бракот кога гледаат на нивните сопрузи како помалку посветени на оценување на нивната сексуалност, додека жените на оние сопрузи кои ги ценеле сексуално и биле посветени да ги оценуваат биле посреќни.

Друга студија опфатила 108 парови кои одговарале на прашања за зачестеноста на сексуалните односи, перципираната посветеност од нивниот партнер и брачната среќа. Ова се засновало на теоријата дека вреднувањето на сексуалноста води до почести односи и почестиот секс е пожелен во контекст на долготрајна врска.

На крајот се доаѓа до заклучок дека жените не сакаат директно да ги гледаат како сексуален објект, но не сакаат и кога некој не ја цени нивната сексуалност. Се зависи од тоа кој ги набљудува и проценува.