Возач на автомобилот загина вечерва во сообраќајна несреќа што се случи во Белград. Несреќата се случила на Булеварот на ослободувањето, кога автомобилот прво удрил во бандера, а потоа се запалил.

Иако пожарникарите се обиделе да му помогнат на возачот, тој починал од повредите. Полицијата и пожарникарите се уште се на терен, како и брзата помош.

Делови од бандерата се расфрлани на коловозот, а полицијата се обидува да го утврди идентитетот на жртвата. Телото се уште е во автомобилот.

📸