Возачот е казнет со 1.000 евра на лице место, а судот може да ја зголеми казната и до 6.000 евра.

Во морето од луди ситуации кои секојдневно ги гледаме на патиштата, се појави нов бисер. На Reddit беа објавени три фотографии од возач на Fiat Cinquecentо како превезува дрво долго речиси девет метри во неговиот минијатурен автомобил.

Фотографиите се направени во Полска, а возачот бил запрен од полицијата која на лице место го казнила со нешто повеќе од илјада евра (5.000 злоти).

Според Drive, доколку судот го прогласи за виновен, се соочува со казна од 6.000 евра.

Според достапните фотографии, може да се види дека ситното Cinquecento е долго само нешто повеќе од три метри, а дрвото е речиси три пати подолго.

Иако не се знае како збунетиот Полјак се оправдувал пред полицијата, неговата клучна аргументација најверојатно била: „Се е според правилата, го означив товарот што го превезувам“.