Милан Ливаја, таткото на познатиот хрватски фудбалер Марко Ливаја, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата во Каштела кај Сплит.
Милан Ливаја кој со својот мотор се приклучил на автопатот, се судрил со автомобил и починал на лице место. Несреќата се случила во 01 часот и 22 минути во Каштел Суќурац, а по несреќата сообраќајот бил затворен во двата правци.
Веста за смртта на Милан Ливаја ја потврди и сплитски Хајдук. Клубот на својата официјална веб-страница изрази сочувство до својот најдобар играч.
„До драгиот Марко и неговото семејство, ХНК Хајдук упатува искрено сочувство за ненадејната и ненадминлива загуба на неговиот татко. Целиот клуб е со него и му дава максимална поддршка во овие тешки моменти. Сите наши мисли се со него и неговото семејство “, соопштија од клубот.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.