Хотелот во Црна Гора, чии стотина гости се затруле со храна, нема дозвола за работа.

Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, по пријавување на труењето, зема мостри од ресторанот „Лоза“ и забрани послужување храна.

Туристичката инспекција почна да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, кој нема дозвола за работа, а чии 96 гости се затруле со храна, потврди Ана Вујошевиќ, в.д директор на црногорската Управа за инспекциски работи.

Таа потсети дека ова е осми пат во изминатите три месеци туристичката инспекција да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, а седми пат да се отстрани пломбата, поради што инспекцијата го пријавила случајот во которското обвинителство.

Станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле во ист ресторан, а меѓу нив имало и тинејџери.