Овие денови многу се пишува за Камила Васкез, адвокатката која го застапува Џони Деп на судењето со Амбер Херд. Срдечните прегратки, насмевките и неверојатната блискост меѓу нив двајца предизвикаа шпекулации во јавноста, која е уверена дека станува збор за љубовна романса.

Како причина на сето ова се огласи и Џуди Џејмс, експертка за говор на телото и комуникациски вештини, која смета дека нивните интеракции се дел од „тактика“ актерот да го презентираат како „романтичен херој“.

„Изгледаат како да флертуваат, а токму тоа е целта“, вели Џејмс.

Таа е уверена дека „блискоста“ меѓу Деп и Васкес служи за актерот да биде прикажан како понежен и посимпатичен за разлика од сликата на насилник со која го претстави бившата сопруга Амбер Херд.

„Ако сликата вреди илјада зборови, овие „зборови“ делуваат и повеќе од романтично. Нејзиното однесување на суд го враќа Деп во улога на романтичен херој, а на неговите обожаватели тоа ќе им биде како еден вид потврда“, вели Џејмс.

Таа се осврна и на фотографијата од прегратката кога Васкес ги затвори очите задоволно насмевнувајќи се, опишувајќи ја ситуацијата како „добро извежбана за пред камери“.

Според Daily Mail, Васкес веќе неколку месеци е во среќна врска. Иако засега не го коментира односот со Деп и бројните шпекулации поврзани со него, вети дека ќе го каже своето мислење откако ќе се донесе пресудата.

Васкес во текот на вкрстеното испрашување успеа да ја натера Херд да признае

дека не ги донирала парите од разводот во добротворни цели, како што вети претходно.

На судењето за клевета, Џони Деп бара отштета од 50 милиони долари, а Херд двојно повеќе, односно 100 милиони долари.