Нова фотографија покажува кои се сторителите кои пред неколку дена украле сеф од стан на улица на плажа во Солун, но и колкава е нивната дрскост.

Инцидентот се случил среде бел ден, пред два дена, пред очите на десетици минувачи во еден од најцентралните делови на градот, додека некои побрзале да снимат што се случува пред нив со своите мобилни телефони.

На фотографијата се ограбувачите со сефот, кој им паднал кога се обиделе да го натоварат во багажник од автомобил.

Според информациите на грчките медиуми, сторителите кои се Роми влегле во стан глумејќи дека се вработени во јавната енергетска компанија. Тие им кажале на сопствениците на сефот дека нивниот фрижидер има проблем и на тој начин ги задржале во кујната.

И додека еден од ограбувачите го „поправал“ фрижидерот, друг имал задала да го извади сефот од станот. Потоа го однеле до автомобилот, но им паднал на патот. Го претовариле и побегнале.