Пејачот Слободан Васиќ се прослави пред седум години на натпреварот „Ѕвезде Гранда“. Тогаш беше омилен млад изведувач, веднаш имаше посетени настапи, заработуваше многу пари, но и многу девојки лудуваа по него.

Тој не криеше дека е во врски со познати девојки од српската естрада, а со најскапи подароци ја „китеше“ и познатата манекенка и учесничка во ријалити програми, Сандра Обрадовиќ.

Славата го понесе, некое време бегаше од медиумите, водеше бурен живот, но по хитот „Анонимна“ неколку години немаше добра песна и полека му згасна популарноста.

Сега ретко кој го препознава бидејќи се здебелил околу 40 килограми, но за тоа не се грижи многу и води среќен живот.

– Килажата ми направи проблем и болки во ‘рбетот и нозете, поради што помалку се движам. Тешки ми се и настапите бидејќи брзо се заморувам и немам доволно енергија да ја истуркам свирката до крај. Секогаш го правам тоа најпрофесионално што можам, но многу потешко пеам во текот на вториот блок. Сето тоа почна да ме нервира, па често сум во фаза на депресија – изјави Слоба.

Во меѓувреме се ожени, доби дете, настапува на помали места и прослави каде што се уште добро заработува.

📸

📸

📸