Токму кога го заборавивме минатогодишното тркање до лежалки во грчкото Ханиоти, каде до целта имаше дури и „паднати борци“, на интернет се појави видео од заземање места покрај еден хотелски базен.

Секогаш мислиме дека зафаќањето на лежалки со пешкири рано наутро и тркањето до нив е „резервирано“ само за туристите од овие простори, но едно видео на ТикТок го демантира тоа.

Видеото покажува како и на гостите на еден луксузен хотел на Тенерифе им е важно да ги пикираат своите лежалки иако станува збор за комплекс кој сигурно содржи доволно лежалки, а минимум и уште еден базен.

„Трка за лежалки“, напишала ТикТокерката Сара во описот на видеото на кое се гледа како луѓе трчаат кон лежалки и во „лет“ ги фрлаат пешкирите на лежалките кои ги одбрале.

За кратко време, видеото стана вирално и има 5 милиони прегледи за помалку од 24 часа.

За жал, Сара ја исклучила опцијата за коментирање, а сигурни сме дека коментаторите би биле многу инспирирани од ваквата сцена.