Како и што се очекуваше синоќа во арената „Борис Трајковски“ се случи спектакл на концертот на ар-ен-би дуото ДНК.

Панчо и Андреј прославуваат 20 години заедничка работа и постоење. Вечерашниот концерт претставува заокружување на едно убаво и големо поглавје во нивната кариерата, но и патување низ времето со најголемите хитови на ДНК.

Освен нив на сцената присутните во салата ќе ги видат и слушнат и луѓето со кои другаруваат и соработуваа во текот на кариерата – Тамара, Ена, Таско, Наум Петрески, Јанг Дади, Џамбо Агушев и неговиот оркестар… За загревањето на атмосферата, пак, ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч и Нести.

Меѓу публиката вечерва во музиката на ДНК уживаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сопругата, како и градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски

На концертот како што рекоа Панчо и Андреј на последната прес конференција, добредојдени се сите, со семејствата, па во оваа кризно време за да не го оптоварат семејниот буџет порачаа: „За дечињата до девет години концертот е бесплатен, сите родители кои сакаат да ги донесат децата да понесат документ за идентификација и забавата може да почне“.

📸

📸

📸

Фото: П. Стојановски (vecer.press)