Без да дадат повеќе детали, родителите на 21-годишната тик-токерка Мега Такур од Канада објавија за загубата на својата ќерка.
Според објавата на родителите на 21-годишната девојка, Такур, која имал повеќе од милион следбеници на социјалните мрежи, „починала ненадејно и неочекувано“ на 24 ноември.
„Со тешко срце објавуваме дека светлината на нашите животи, нашата љубезна и убава ќерка, Мега Такур, почина ненадејно и неочекувано во раните утрински часови на 24 ноември. Мега беше независна млада дама. Ќе ни недостига, напишале родителите на 21-годишната девојка, објаснувајќи дека ја објавиле нејзината смрт затоа што „Мега ги сакала своите обожаватели и сакала да знаете за нејзината смрт“.
Taa „неочекувано“ умира само неколку дена откако објави порака од нејзината прошетка во Њујорк:
„Вие сте одговорни својата судбина. Запомнете го тоа“.
Такур неодамна откри дека доживеала срцев удар во јули, за кој се верува дека бил предизвикан од стресот и нејзината постојана анксиозност.
„Имам навистина лоша анксиозност, која се претвори во стрес, што се претвори во срцев удар“, објасни таа. Причината за нејзината смрт сè уште не е потврдена.
Be the first to write a comment.