Вук Бориловиќ е масовниот убиец кој им ги одзеде животите на 10 лица, меѓу кои и деца, а ова е лицето на човекот кој стави крај на крвавиот пир.
Во Црна Гора беа извршени масовни убиства во кои беа убиени цели семејства, но никогаш како вчера во Цетиње. Во нападот во тој град загинаа 10 лица, меѓу кои две деца, а шест лица се повредени, потврди Управата на полицијата.
Престрелката се случила во петокот околу 16 часот, кога Вук Бориловиќ (34) од Цетиње уби 10 лица, а потоа бил совладан од негов сограѓанин кој го спречил Бориловиќ да продолжи да убива.
На социјалните мрежи е објавена фотографија од маж кој обидувајќи се да го запре Бориловиќ пукал во него и го усмртил. Под фотографијата има пораки за поддршка на човекот кој го „спаси Цетиње од демонот“.
– Човекот кој ги очисти улиците на Цетиње од демонот! Херој, јунак! Спаси неколку животи денес! Таа улица треба да се вика по тебе! Затворот не е за тебе затоа што не се огреши пред законот, се бранеше, спасив голем број свои соседи, кумови, пријатели, биди жив 100 години. Нено, цела Црна Гора е со тебе во овие тешки моменти!, објавено е на социјалните мрежи.
Потсетуваме, на трагедијата и претходеше семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукаше во случајни минувачи на улицата. Според неофицијални информации, напаѓачот пукал и во деца, кои неуспешно се обиделе да се сокријат од убиецот. Наводно, по убиството на сосетката му се јавил на нејзиниот сопруг да му каже дека ја убил!
Be the first to write a comment.