Во болницата во Цетиње се хоспитализирани дајца ранети, а четворица повредени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Од Ургентниот центар за ТВЦГ изјавија дека е примен маж со тешки повреди на главата и градниот кош. Тројца пациенти итно морале да одат во операциона сала и тие повреди се доста сериозни, пренесува РТЦГ.

Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Љиљана Радуловиќ вечерва за медиумите изјави дека, по денешната трагедија во Цетиње, во таа установа се примени четири повредени лица, од кои тројца се во животна опасност.

Иван Ивановиќ, в.д директор на болницата во Цетиње, претходно за ТВЦГ изјави дека две лица кои се хоспитализирани во таа установа се надвор од животна опасност, а еден пациент по испитувањата е пуштен на домашно лекување.

Тој дел од градот беше блокиран, зголемено е присуството на полицијата, а се собраа и голем број граѓани на Цетиње.