Вељко Беливук, кој беше уапсен во голема акција во февруари 2021 година, додека полицијата не дојде по него и му стави лисици, секогаш носел капа на главата, а извор за српските медиуми открива дека всушност не станува збор за обична капа, туку за заштитен качкет.

Според него, овој тип качкет се продава во специјализирани продавници и поради засилувањето што го има внатре, ја штити главата од изненадувачки удари.

– Беливук секогаш носел капа на главата, но всушност тоа е шлем-качкет што служи за заштита на главата од удари, бидејќи иако однадвор изгледа како обична капа, внатре е обложена со школка направена од силна пластика и перничиња. Практично, како да носи кацига на главата која изгледа како класична капа на прв поглед, односно за оние кои не знаат, не остава впечаток на никаква заштита – објаснува соговорникот.

Носел и обична капа

Тој додава дека има малку фотографии од водачот на криминалната група пред апсењето на кои тој нема црна капа на главата.

– На некои фотографии тоа е обична капа. Можно е кога го фотографирале на места каде знаел дека не е во опасност, да ја сменил заштитната капа во обична капа за да го задржи имиџот на некој што постојано ја носи, а не од страв за сопствената безбедност, додава соговорникот.