Татко на седум деца и осмо кое било на пат е пронајден мртов во градот Травник во БиХ. Како што објавија тамошните медиуми, тој си го одзел животот откако не ги издржал животните неволји кои го снашле.

Станува збор за Денис Захировиќ (45) пред два дена беше пронајден мртов кај Травник. Полицијата добила пријава за пронаоѓање на телото на машко лице. Маж го пронашол телото на Захировиќ во кругот на една фирма во Травник.

Смртта ја констатирале инспектори на министерството за внатрешни работи, истражители и лекар. Неофицијално се дознава дека Захировиќ се самоубил.

Настраданиот Денис имал дури седум деца, а осмото било на пат. Захировиќ бил вработен во ПУК Башбунар во Травник, а од него на Фејсбук се простиле колегите.

-Вреден и внимателен работник, миленик на целиот тим, не ги издржа животните неволји што го снајдоа, изјавиле неговите колеги.