











Осомничениот за ранувањето мајка и ќерка во Косово Поле починал во Клиничкиот центар во Приштина, потврди лекарот Ејуп Говори, јавува Репортери.
Осомничениот бил пронајден тешко повреден во Косово Поле и бил пренесен во Клиничкиот центар каде починал.






– Иако постојат силни причини за сомневање за самоповредување, полицијата заедно со другите надлежни органи детално ги истражува сите околности што го карактеризираат случајот – соопштија од полицијата.
Полицијата соопшти и дека осомничениот, кој бил вооружен, пукал кон полицијата во обид да избегне апсење, со што директно ги загрозил животите на полицајците и околните граѓани. Нападот врз полицијата наводно бил неутрализиран, а осомничениот во обид да избегне апсење се здобил со прострелна рана во околности кои се уште се истражуваат.






Седумдесетгодишен старец, како што се сомневаат, денеска следел две жени, мајка и ќерка и кога им се приближил, пукал во нив со пиштол.
Очевидци изјавија за новинарите дека жртвите се поврзани со напаѓачот, но оваа информација се уште не е официјално потврдена. Според информациите, мотивот за нападот се сомнева дека е имотен проблем.






Be the first to write a comment.