Пациентка (38) со нож неколку пати ја избодела својата докторка психијатар во приватна ординација во Вировитица, Хрватска. Жената е уапсена по нападот, пренесуваат хрватските медиуми.

Докторката Елвира Коиќ (58) е повредена и ѝ била укажана помош во болницата во Вировитица, каде била примена со повеќе убоди по целото тело, но нејзиниот живот засега е надвор од животна опасност.

Докторката Сандра Фрљевиќ изјави дека Коиќ изгубила многу крв, бидејќи нападот, според досегашните информации, траел околу половина час.

Од полицијата наведуваат дека нападот се случил во 17 часот и 15 минути во саботата и дека кривичната истрага за 38-годишната жена е во тек.